23 Април, 2024
0.0268

КОМПАНИИТЕ ДА ГИ ИСКОРИСТАТ МОЖНОСТИТЕ ШТО ГИ НУДИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Со усвојувањето на новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите, кој означува законски нормирана рамка за финализирање на иницијативата за поддршка на успешните македонски компании и зголемување на нивната конкурентност и инвестициска активност, се операционализираат дел од предлог-мерките кои Стопанската комора на Македонија ги предложи уште во 2010 година, систематизирани во предлогот на нов модел за забрзан економски развој.

Мерките за поддршка кои ги предвидува овој Закон, за компаниите ќе значат можности да постигнат многу подобри резултати, да го прошират производниот асортиман, да го зголемат бројот на вработени лица и неколкукратно да ги зголемат и да ги прошират своите извозни потенцијали преку настап на странски пазари. Со овие меркиќе се овозможат посилни повратни врски со странските директни инвестиции и повеќе ќе се стимулира извозот, кој е неопходен за да се постигне повисока стапка на економски раст и развој, преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање, пристап до капитал со зголемена технолошка и деловна софистицираност на домашните бизниси.  

Стопанската комора на Македонија ја поздравува иницијативата на Владата на Република Македонија за законско нормирање на овој систем за поддршка на компаниите, но и конструктивноста на сите политички партии во Собранието на Република Македонија во насока на одблокирање на процесот на усвојување на законските решенија, кои се од интерес за економијата, и кои се очекува да го подобрат деловниот амбиент во државата.

Во таа насока, Стопанската комора на Македонија ги повикува сите компании во Република Македонија да се подготват за поднесување барања за користење финансиска поддршка и да ги искористат можностите за обезбедување поддршка за зголемување на нивната конкурентност, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој вчера беше усвоен во Собранието на Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа