25 Април, 2024
0.0260

Компаниите кои добија пари за иновации, ги враќаат парите во буџетот

Објавено во: Економија 15 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Фондот за иновации и технолошки развој работи на анализа на ефектите од вложувањата во домашните компании, откри за Фактор, директорот на ФИТР Јован Деспотовски. Се анализира зголемената активност на економијата, а со тоа и ефектите врз јавните финансии. Тој вели дека резултатите ќе ги објават наскоро, но дека првичните покажуваат дека само по основ на зголемена уплата на придонеси, персонален и данок на добивка, овие компании веќе ги враќаат средствата во Буџетот на Северна Македонија.

Инаку според анализата, открива Деспотовски, на пример, просечното годишно зголемување на приходите од работењето е зголемен за речиси 50 проценти, исто така е регистриран зголемен број на вработени, и тоа за 27 отсто, а забележителен е тренд на пораст кај просечните плати и тоа за околу 40 проценти во просек. 

„Овие бројки се доволен индикатор за тоа какви резултати можеме да очекуваме во иднина, вели Деспотовски.

Додава и дека работат на менување на различни аспекти и критериуми поврзани со процесот поврзан со инструментите на ФИТР. 

„Воведовме фаза на предселекција во која домашни експерти од над 20 области ги оценуваат пристигнатите апликации, па потоа одат во фаза на финална селекција. ФИТР стана прва инстутуција која која воведе протокол за проценка на ризик заради поврзаност со лице на јавна функција во сопственичката структура. Ги прошируваме секторите на компании кои може да аплицираат за нашите повици. Како новина сега го воведуваме и механизмот на ројалти. Едноставно се адаптираме на приликите и побарувањата на домашниот екосистем, изјави тој за Фактор.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?