30 Септември, 2024
0.0249

КОМПАНИИТЕ НА КОИ СНАБДУВАЧИТЕ ИМ ГИ РАСКИНАА ДОГОВОРИТЕ - можат или да тужат или да си бараат друг снабдувач, РКЕ вели дека одземањето на лиценцата не е решение

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика нема ингеренции, согласно Законот за енергетика, да ги казни или да преземе било какви мерки против снабдувачите со електрична енергија, кои сега, во налетот на растот на цените на струјата на светските берзи, еднострано им ги раскинуваат договорите на компаниите кои претходно ги склучиле на подолг период. Со тоа овие компании се оставени буквално на цедило, и се уценувани од тој снабдувач дека доколку сакаат од него да набавуваат струја, мораат да прифатат тој да ги снабдува по пазарни цени.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, овие компании ги упатува или да тужат, или да склучат договор со друг снабдувач. Или, можат да склучат договор со снабдувачот во краен случај, ЕВН Хоме, која мора да ги снабди со струја, при што цената би била од купувач, плус 50 проценти.

„Компаниите кои имале договор со компанијата што сега еднострано им го раскинува договорот, го потпишале договорот како слободни субјекти на пазарот. Постои Закон за облигациони односи и врз основа на тој закон компаниите на кои овој снабдувач им го раскинал договорот, слободно нека го тужат. Јас тоа не можам да го сменам“, објаснува Бислимовски.

На забелешката дека сепак, РКЕ е таа што на тие компании им издала лиценци за да бидат снабдувачи со електрична енергија, одговорот е дека не би се постигнало ништо доколку на тие снабдувачи им се одземе лиценцата. Дотолку повеќе што, како што објаснува првиот човек на РКЕ, тие снабдувачи му должат големи суми пари на државниот преносен оператор, МЕПСО. А, дури и оваа компанија снабдувач, сега самата ска всушност да и биде одземена лиценцата.

„Еве и да и ја одземеме лиценцата на таа компанија. Таа му должи голема сума пари на МЕПСО. И други компании снабдувачи веќе му должат пари на МЕПСО. Што би постигнале доколку им ја одземемем лиценцата. Таа компанија всушност сега сака да и ја одземеме лиценцата, но прашањето е што ќе постигнеме со тоа“, објаснува Бислимовски.

Тој објаснува дека оваа ситуација на проблеми со пазарот со струја ги има не само во земјава, туку и во многу поразвиени и помоќни држави. Во Британија, како што вели, веќе пропаднале трите најголеми компании снабдувачи со струја. Всушност, ниту во светот во овој период не се гледа светло на крајот на тунелот. Цените на струјата продолжуваат да растат и не се знае кога тоа ќе заврши.

Според Бислимовски, во земјава од почетокот на годинава, 240 милиони коловат саати од овластените производители, отидоа на слободен пазар. Тие им се даваат на снабдувачите по таа цена да продаваат.

Конкретно, на фирмите од земјава што склучиле договор со таа компанија снабдувач, им се советува да си најдат друг снабдувач. Бислимовски вели дека другите снабдувачи нема да ги уценуваат компаниите со висока сума, а доколку не можат да најдат, можат да склучат договор со снабдувачот во краен случај. Тоа е ЕВН Хоме, која, како што објаснува Бислимовски треба по сила на закон да им ја продава електричната енергија, и тоа по цена набавена од купец плус 50 отсто, или вчера тоа била 220 евра по мегават час плус 50 отсто.

На новинарското прашање како ќе бидат казнети играчите на пазарот на струја кои не играле според правилата, Бислимовски вели дека двајца снабдувачи се веќе казнети.

„Според Законот за енергетика го известуваме Државниот пазарен инспекторат и тие во наше име поднесуваат прекршочна постапка и одат на суд“, вели првиот човек на РКЕ, сепак не негирајќи дека максималната кана што може да ја добие снабдувачот е 13 илјади евра, односно е многу ниска за него, и повеќе му се исплатува да ја плати казната отколку да набавува струја по енормно високи цени.

Инаку, Стопанската комора на Македонија, која бараше лиценца за снабдување, односно да обезбедуваат струја преку нивна регистрирана фирма, таа лиценца ја добила пред 10 до 15 дена.

Кога изби проблемот со снабдувањето со струја, РКЕ ги кажа по име снабдувачите кои не се придржуваат до договорите што ги склучиле со компаниите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи