19 Април, 2024
0.0266

Компанијата дм дрогерие маркт донираше 50 инфузиони пумпи во вредност од 53.000 евра

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Компанијата dm донираше 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Со оваа донација компанијата има за цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за сите пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја. 

дм дрогерие маркт како општествено одговорна компанија активно го поддржува здравствениот систем од почетокот на пандемијата, во прилог на што говорат повеќекратно извршените донации на медицинска опрема потребна за повеќе болници низ Македонија, меѓу кои: производи за дезинфекција и лична хигиена за Националното Здружение на Медицински Сестри, Техничари и Акушерки (ЗМСТАМ), респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Општа болница во Кавадарци и Клиничката болница во Битола, кислородни концентратори за Општата болница во Велес, како и клима уред и тролеи за пренос на инструменти и апаратура во Институтот за белодробни заболувања и туберколоза во Скопје.

„Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја“, изјавија од компанијата.

Инфузионите пумпи се веќе испорачани и ставени на располагање во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ