Добивај вести на Viber
Снимањето на видео и негово предавање на интернет во реално време станува популарна пракса за доста блогери. Компанијата Pivothead развива очила со вградена камера која може да го прави токму тоа и да го олеснува снимањето на видео од прво лице.
Очилата SMART работат на т.н.. модуларен систем. На двата краја на нивните рамки има приклучоци за поврзување на дополнителни приклучоци. Тие се вкупно три на број , а истовремено може да работат до две . Првата е дополнителна батерија која ја утројува батеријата на уредот , кој е околу 60 минути при постојано снимање на Full HD видео .
Вториот приклучок е т.н.. Live Mod . Тој располага со WiFi , слот за MicroSDHC картички и функција за стриминг во реално време преку интернет. Последниот додаток е AIR Mod . Ова практично е миникомпјутер со dual-core ARM Cortex A7 процесор , GPS , NFC , слот за microSDH картички , WiFi , Bluetooth и Android . На овој начин програмерите можат да создадат специјализирани апликации за Pivothead SMART и да ги прошират можностите на очилата.
Самата камера е меѓу леќите , кои можат да се со диоптер или соларни . Самата камера е со 8 MР сензор на Sony . Таа располага и со 16GB внатрешна меморија која обезбедува место за 2 часа Full HD видео снимки , или околу 16 илјади фотографии со полна резолуција.
Очилата имаат мали LED диоди на внатрешната страна на рамките , преку кои го информираат корисникот за состојбата на батеријата и на вградената меморија. Уредот може да се управува преку гестови со раце кои се прават пред објективот . Меѓу дополнителните можности се препознавање на објекти во кадарот , читање на баркодове и QR кодови врска со навигациски апликации и др.
Очилата се очекуваат на пазарот на пролет следната година. Нивната цена ќе биде 300 $ . Комплетен сет со трите модули ќе чини $ 630 , со што корисниците ќе можат да избираат да купуваат и само одредени модули.