25 Април, 2024
0.1053

Компанијата што произведува струја ќе стимулира трошење на струја преку субвенционирање на клими

Објавено во: Економија 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во стил на дружината „ТНТ“ и познатиот стрип јунак Алан Форд, директорот на ЕСМ „ничим изазван“ кажа дека ќе субвенционирале 3-4 милиони евра за купување инвертер – клима уреди. Замислете компанијата што произведува струја ќе стимулира трошење на струја во субвенционирани клима уреди !!! Да ги заменеле печките на дрва... со клима - инвертери кои трошат струја произведена во најголема мерка од јаглен – најголемиот загадувач на Пелагонија

„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) ќе издвои 3 до 4 милиони евра за да субвенционира граѓани од Кичево, Скопје, Битола и Тетово кои ќе набават клима уреди со инвертер систем и со тоа ќе ги заменат своите печки на дрва. Целта била да се намали загадувањето во овие градови, а мерката ја најавија Васко Ковачевски, генералниот директор на ЕСМ и Крешник Бектеши, министерот за економија.

Ковачевски најавува дека ќе чекал одобрение од Владата за да потроши до 4 милиони евра народни пари за нешто што не е во функција на работењето на ЕСМ. Директорот под чија капа е РЕК Битола, објективно можеби и најголем загадувач во Пелагонија, најави дека со загадувањето ќе се борел така што ќе државната компанија што ја води ќе плаќала субвенции на граѓани за набавка на инвертери – клима уреди кои ќе се користат за затоплување.

За претстојниот потег отворено и јавно ќе поставиме неколку прашања на Ковачевски:

-Дали овој потег е заснован на студија со која докажувате дека (на пример н.з.) 1.500 клима уреди во Скопје и уште по 1.000 во Битола и Тетово и 500 во Кичево ќе го намалат загадувањето и во која мерка ќе го намалат? Дали мерката е продуктивна?

-Дали е нормално во период кога ЕСМ склучува договор за кредит наменет за изградба на ветерни централи (во рамки на ВЕЦ Богданци) и за што плаќате камати да дава 3 до 4 милиони евра за субвенции за купување на клима уреди?

- Зошто тие 3-4 милиони евра не избравте да ги вложите во нови 3 мегавати инсталиран капацитет во ветерна централа која е обновлив извор за производство и не загадува? Особено затоа што тие 3 мегавати можат да му носта на ЕСМ барем еден милион евра годишно од продажба на зелената струја. Зошто решивте со тие пари да субвенционирате клима уреди кои трошат електрична енергија која во најголем дел ќе биде произведена од јаглен кој всушност е најголемиот загадувач на Пелагонија?

- Бевте неуморен критичар на енергетските политики на ВМРО-ДПМНЕ и со полно право ги критикувавте особено трошења државни пари од тогашен ЕЛЕМ, а сегашен ЕСМ во проекти кои немаат врска со енергетиката. Дали вашето субвенционирање има некаква допирна точка со енергетиката и дали сега ЕСМ не ги повторува тие политики на претходната Влада?

Последниот потег на ЕСМ и на министер од Владата го наметнува прашањето за тоа дали од популистички и неоправдани причини се трошат државни пари. Овој потег го отвора прашањето за тоа дали дојде време во државните рентабилни компании да инвестираат институционани инвеститори односно приватно управувани пензиски фондови. За да ја зајакнат контролата врз трошењето на парите или барем да дигнат глас кога станува збор за вакви проекти со дискутабилна рентабилност. Оти поарно е парите да завршат како дивиденда на пензиските сметки на идните акционери отколку во касите на продавачите на клима уреди.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ