25 Април, 2024
0.2420

Компанијата Виолета донира хигиенски производи за три клиники

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

КОМПАНИЈАТА ВИОЛЕТА донира хигиенски производи на Инфективна клиника во Скопје и на Клиниките за гинекологија и акушерство Државна болница и Мајка Тереза Чаир

Вондредната состојба предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид 19 ги зафати сите сектори, особено здравствениот, не само во регионот туку и во целиот свет.

Исто така, побарувачката за производи за хигиена стана далеку поголема од  вообичаената, па затоа е важно компаниите и брендовите вклучени во производството на овие производи да ја препознаат потребата и да помогнат таму каде што е најпотребно.

Водејќи се од ова, компанијата Виолета одлучи да поддржи дел од здравствените установи со тоа што ќе донира хигиенски производи од својот асортиман.

Донациите се наменети за Клиниката за инфективни болести во Државната болница во Скопје, која ќе добие резерви од течен сапун, хартиени брисачи, тоалетна хартија и медицински ролни.


Покрај тоа, донација има и за родилиштата Мајка Тереза Чаир и Државната болница за Гинекологија и акушерство Скопје, каде покрај тоалетна хартија, хартија за раце, течен сапун и медицински ролни ќе бидат поделени и пелени и влажни марамчиња за бебиња. Компанијата Виолета, познато е од претходно дека соработува со родилиштата каде секое новороденче добива пелени и влажни марамици од овој бренд.

Од компанијата Виолета порачуваат дека е важно да имаме друштвена одговорност, но и одговорност како индивидуи, бидејќи сега е ситуација кога можеме сите да придонесеме и да помогнеме.Треба да ги подржиме нашите вистински херои  кои работат во здравството и секој ден се борат на фронтот, ако ништо друго  да ги почитуваме мерките за безбедност и да внимаваме на себеси и луѓето околу нас.



Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan