КОМПОНЕНТА ДОДАДЕНА ОД СПУТНИК V НА МОДЕРНА И ФАЈЗЕР ЕФИКАСНА ПРОТИВ МУТАЦИИТЕ НА КОВИД: Ќе почне ли соработката меѓу производителите
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2021
Додавањето
компонента од вакцината Спутник V на Модерна и Фајзер ќе помогне во борбата
против мутациите на корона вирусие. Ова го изјави директорот на Рускиот фонд за
директни инвестиции Кирил Дмитриев, цитиран од „Спутник“.
Според него, ова ќе постигне поголема ефикасност во справувањето со промените во вирусот.
Ние веруваме дека само со заедничка работа можеме да постигнеме поголема ефикасност, нагласи тој.
Дмитриев е категоричен дека производителите на Спутник V се подготвени да им помогнат на Модерна и Фајзер.
Руската вакцина, регистрирана на 11 август 2020 година, вклучува две дози кои се даваат во интервал од 21 ден. Првата доза се базира на хуман аденовирус тип 26 и втората на хуман аденовирус тип 5.