24 Април, 2024
0.0288

Композиторката Дарија Андовска: Како студент само Трифун Костовски ми помогна да отпатувам во Баку

Објавено во: Македонија 15 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Дарија Андовска, познатата македонска композиторка и пијанистка чии дела се изведувани на бројни домашни и светски фестивали, во контекст на последните збиднувања со стечајот на Еуростандард банка напиша статус во кој открива дека во 2003 како студентка единствено бизнисменот Трифун Костовски и помогнал да отпатува во Баку во Азербејџан.

„2003. Поканета бев на фестивал во Баку, Азербејџан. Се разбира, сè покриено освен патот. И се разбира, далеку од тоа дека можев финансиски да си го дозволам патот како студент по композиција.
На многу врати тропнав, со поканата и со цело куферче програмчиња од концерти.
Дел од одговорите кои ги добив:
-Девојче, за тие пари можеш да чистиш шофершајбни на раскрсница.
- Девојче, за тие пари не ни свикуваме состанок.
- Девојче, вратата се затвора од другата страна.
Една колешка ме покани на "Глумците пеат". На среде манифестација, кажаа дека Трифун Костовски е генерален спонзор и го поздравија. На пауза, јас решив дека ќе одам кај него. Мечка страв, мене не ме страв.
Се пробивав меѓу бодигардите, таква ситна, а тој ме здогледа и рече:
- Повели, моме?
Како рафал изрециритав која сум, што правам, за што ми треба помош.
Ми рече да дојдам во сабота на Салвадор Дали бр. 1, во 12ч.
Се истопорив со куферчето, цд-ата и со многу надеж. Ме прими, ме почести кафе и ми кажа дека авионската карта ќе можам да си ја подигнам таму и таму.
Ме поздрави со:
- Животот е убав, уживајте го.
Се симнував пешки по Водњанска во состојба на левитација.
Кога си ја подигнав авионската карта, видов дека ми оставил дополнително пари "за џепарац".
Кој што сака нека мисли, тоа е Човек, еден од ретките, кој ми помогна кога сите ми лупаа врата во лице“, напиша Андовска.

По овој статус таа доби многу позитивни коментари, а исто и Костовски, сопственикот на Еуростандард банка, доби позитивни критики за неговата хуманост.

Можеби ќе ве интересира

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори