Кому ќе се обратат утре децата од Тајланд?
Објавено во: Свет 17 Јули, 2018
Деца од Тајланд и нивниот фудбалскиот тренер кои по 21 ден беа спасени од поплавената пештера утре ќе одат во своите домови.
Тие беа безбедно извлечени од пештерата Там Луанг минатата недела во спасувачката операција која го привлече вниманието на целиот свет.
Младите фудбалери и тренерот се згрижени во болница во северниот град Чијанг Раи откако беа спасени.
„Дечињата ќе одржат прес конференција за медиумите, затоа што сакаме да го задоволиме интересот на јавноста“- изјави портпаролот на Владата, Сансерн Кавекамнерд.
Новинарите ќе мораат да ги даваат прашањето однапред, кои потоа ќе ги прегледа и одобри психолог. Одобрените прашања потоа на дечињата ќе им ги постави модератор.