29 Март, 2024
0.0250

Komunicira.me - нова бесплатна апликација за инклузија на лицата со оштетен слух

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Komunicira.me е апликација која ќе ја сруши комуникациската бариера помеѓу лицата со оштетен слух и остатокот од светот. Оваа бесплатна апликација им овозможува на сите поединци да комуницираат со лицата со оштетен слух и да го научат македонскиот знаковен јазик. Ќе им овозможи интеграција на лицата кои комуницираат со овој јазик во рамките на институциите, работното место и неформалното окружување.

Апликацијата е изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster, како дел од нивната едукација преку работа на реален проект. Новитетот кој Brainster го воведува од оваа година, е учесниците за време на 28 неделната Академија за програмирање да изработат 3 платформи кои ќе помогнат во решавањето на одреден социјален проблем. Освен тоа што на овој начин ќе научат да програмираат, ќе креираат продукт кој ќе го вметнат во своето портфолио, ќе придонесат за заедницата и ќе се вработат како програмери.

Веруваме во тоа дека технологијата е тука за да го направи светот подобро место за живеење и да креира можности кои претходно не постоеле.

Оваа апликација ќе направи уште еден чекор поблиску до инклузивно општество во кое преку технологијата, ги задоволуваме потребите на сите поединци. Преку овој начин на работење сакаме да инспирираме емпатија кај идните програмери - претприемачи, кои ќе ја продолжат оваа практика во иднина.

Апликацијата komunicira.me е целосно изработена од учесниците на Академијата за програмирање на Brainster: Марко Доновски, Оливер Божиновски, Горан Воиновски и Панче Димовски. Изработена е во соработка со наставничката Викторија Волак, учениците Мимоза Далили и Филип Лефков и директорот Блаже Митев од Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски” Скопје - училиште за средно стручно образование на ученици со оштетен слух. Поддржана е од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, а дигиталната содржина е креирана од NewMediaMk.

Brainster е иновативна компанија за едукација и кариерна трансформација која преку курсеви и Академии им овозможува на индивидуалците да дојдат до успешна кариера. Преку различните програми секој може да ги научи најбараните вештини за програмирање, маркетинг, дизајн и бизнис, да креира продукти кои ќе се лансираат на пазарот, и да се поврзат со компании кои имаат потреба од најдобрите таленти.

Brainster брои 7 вработени, 40+ инструктори, 50+ партнерски компании, 150+ компании кои ги развиваат вештините на вработените преку нашите курсеви и Академии, и 4000+ учесници кои ја трансформираа својата кариера и стигнаа до работа од соништата.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија