Кон која соседна земја плови ослободениот ирански танкер?
Објавено во: Свет 19 Август, 2019
По ослободувањето, иранскиот танкер плови кон Грција.
Иранските власти денеска потврдија дека танкерот Адријан Дарија 1, кој претходно беше познат како Грејс 1, го напушти Гибралтар.
"Нашиот танкер по 45 дена го напушти Гибралтар “, напиша иранскиот амбасадор во Велика Британија Хамид Баидинеџад во објавата на Инстаграм.
Танкерот за кој Соединетите држави се сомневаат дека превезувал нафта во Сирија, заплови кон Грција, неколку часа откако Гибралтар го отфрли барањето на САД да го задржи бродот.
Тој помина еден месец во Гибралтар поради можното кршење на санкциите на ЕУ.
Американските власти се обидоа да го искористат случајот врз основа на сопствениот пакет рестриктивни мерки кон Иран.