20 Април, 2024
0.0260

Конечно надвладеа паметниот телевизор во Македонија

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

На крајот од 2018-та повеќе од половина од Македонците гледале телевизија и ги користеле интернет апликациите на паметни (smart) телевизори, покажува објавеното истражување на Агенцијата за електронски комуникации врз основа на спроведеното обемно истражување пред завршувањето на претходната година.

Може да се заклучи дека за прв пат повеќе Македонци користат повеќе паметни отколку обични телевизори. Анкетното истражување покажува дека лани 50,4 отсто од испитаниците поседувале дома паметен телевизор. Нема точна бројка колку од населението има само класичен телевизор, но 60,2 отсто истакнале дека имаат и таков и паметен ТВ.

На прашањето дали имате смарт телевизор на кој можат да се користат интернет апликации и да се пребарува на интернет, потврдно одговориле 51,1 отсто, а негативно 48,9 отсто. Тоа е за прв пат повеќе Македонци да имаат паметен ТВ отколку што не го поседуваат. Во 2017-та соодносот бил 45,8  кои имаат и 54,2 кои немаат. Во 2016-та само 37,7 отсто имале ваков тип на ТВ-приемник.

Сепак на една третина од поседувачите на овој телевизор истиот не им е поврзан на интернет, а само нешто повеќе од половина ги користат апликациите, во кои доминира ЈуТјуб. Иако се намалува, доминира кабелскиот приклучок, а само 15 отсто можат да си дозволат дополнителен пакет на ТВ-канали.

На зголемената употреба најголемо влијание има нивното намалување на цените, трендот и можноста за купување на рати со пакет-услугите кои инаку  доминираат кај македонските корисници.

Резултатите од пред три години на Евростат, кој користи друга методоогија, покажуваат дека во 2016-та кај 5 отсто од македонските домаќинства се гледа телевизија или други видео содржини на паметен телевизор (смарт ТВ), 3 отсто ги користат за да пребаруваат на интернет преку веб- пребарувач, а 2 отсто за други апликации, како игри или онлајн- шопинг. 

Бројките биле двојно помали од европскиот просек но, сепак, на овој план сме биле подобри од некои европски земји, меѓу кои Романија, Грција и Бугарија.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?