23 Април, 2024
0.0311

Конечно се огласи и второстепената комисија - Иловица нема да се гради

Објавено во: Економија 30 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Државната второстепена комисија веќе го даде долгоочекуваниот одговор - ја одби жалбата на канадската Еуромакс Рисорсис, со што оваа компанија дефинитвно не доби дозвола за експлоатација на руда во рудникот Иловица-Штука. 

Со тоа станува јасно дека рудникот нема да се гради. Но, тоа ја наметнува сериозната опасност државава да добие тужба на милионски износ од концесионерот Еуромкакс Рисорсис дефинитивно ги изгуби шансите да го гради рудникот Иловица-Штука, што е потврдено и од последната инстанца, второстепената Државна комисија. 

Од Еуромакс Рисорсис за Фактор потврдија дека веќе го добиле решението со кое нивната жалба е одбиена од Комисијата, но во овој момент, велат многу е рано да кажат дали ќе тужат и кои ќе бидат нивните идни чекори.

„Ги анализираме деталите изнесени во Решението, како и импликациите кои ќе произлезат од истото. Во овој момент, е многу рано да се произнесеме која ќе биде нашата одлука за понатамошните наши чекори, кои ќе бидат преземени. Поради тоа, не сакаме да даваме дополнителни коментари во врска со ова. Меѓутоа, во догледно време, откако ќе биде донесе конечна одлука, ќе бидете известени за нашите идни чекори“, велат за Фактор од Еуромакс Рисорсис.

Спред неофицијалните сознанија на Фактор, канадската компанија нема да избрзува со тужба, туку најверојатно ќе се обиде претходно да ги искористи сите други алатки што и стојат на располагање. Нашите информации говорат и дека постои правен тим кој треба да даде мислење што понатаму, во рокот кој законски ќе им стои на располагање.

Но доколку другите чекори не вродат плод, тужбата би била логичен исход. Колку таа ќе тежи, засега не може да се шпекулира, но сигурно дека ќе биде на милионски износ, со оглед што компанијата во рудникот планираше да вложи околу 340 милиони евра.

А иако крајниот рок беше 25 месецов, Државната комисија „пресекла“ многу порано, па на концесионерот Еуромакс Рисорсис уште на петти септември му ја одбила жалбата, која компанијата ја поднесе бидејќи не доби дозвола за експлоатација на руда.

Од Министерството за економија за Фактор ги потврдија овие информации.

„Постапувајќи по Жалбата против Решението за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација, второстепениот орган донесе Решение од петти септември 2019 година, со кое се одбива Жалбата како неоснована“, потенцираат од Економија.

Од Економија за Фактор тврдат дека „до овој момент, не е пристигната било каков вид на тужба од овој субјект“, односно од компанијата Еуромакс Рисорсис. 


Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените