24 Април, 2024
0.0429

Конфискуван имот од 9 милиони евра, главно недвижнини на „Трансмет“ на Водно, во Скопје и околината

Објавено во: Економија 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Агенцијата за управување со одземен имот конфискувала подвижен и недвижен имот во вредност од 532.114.872 денари според годишниот извештај кој го добивме, а се чекаше да биде усвоен до ноември.

Таму се вели дека вредноста на конфискуваниот имот во 2019 е неофицијална, а продаден бил само дел од одземениот имот со правосилна одлука, па според тоа парите кои се вратиле во буџетот на државата изнесуваат само 35 милиони денари.

- По доставувањето на правосилните пресуди за извршување од страна на судовите, Агенцијата веднаш започнува постапка за пронаоѓање имот на осудените лица од кои се конфискува имотна корист во полза на Република Северна Македонија, велат од Агенцијата.

Во сумата од 532 милиони денари најголем дел завзема недвижниот имот од осудените, пред се на градежната компанија „Трансмет“, од кого се одземени 19 недвижнини минатата година. Станува збор за две во катарската парцела Долно Водно, две во Карпош, две во Ѓорче Петров и една во Центар и Гази Баба, а ги има и во Драчево, Чучер Сандево, Ќојлија, Попоец, Никиштани и Лавчани. Покрај оние на „Трансмет“ на осудениот бизнисмен Сеад Кочан, одземени се уште три недвижнини, од кои две на извесен Александар Јорданов во Штип и една на извесен Ивица Ристиќ на Табановце.

Според проценките на правосилните пресуди овој имот вреди 466.452.889 денари. За овие недвижнини официјална проценка требало да изврши Бирото за судски вештачења за да може да се спроведе постапка на продажба.

Сеад Кочан беше осуден за добивање на незаконски тендер од страна на „Електрани на Македонија“. Медиумите тврдеа дека му се одземени деловни простории, куќи и станови, како и земјиште, а државниот врв често знаеше овој имот да го поврзе со фамозниот „бројчаник“ на Триумфалната капија. Според правосилната пресуда на Судот треба да биде конфискуван имот во вредност околу 17 милиони евра, толку колку што изнесува штетата направена врз буџетот, кога конзорциумот на Трансмет и Силекс неметали го добиле тендерот за ископ на јаглен од РЕК Битола. По продажбата на имотот парите треба да се вратат во државниот буџет.

Агенцијата во 2019 извршила 240 пресуди за одземање на возила и 600 пресуди за други предмети како лекови, облека, опрема, климатизери и друго. 105 одземени возила биле отстапени без надомест на други институции во текот на годината. Другите предмети биле давани како донации преку Министерството за труд и социјална политика, но и за потребите на единиците на МВР, Македонија пат, болниците, националните културни установи, центрите за социјални работи, општините, здравствените домови, судовите, Црвен Крст, комисијата за односи со верски заедници и други.

Од продажба на хаварисани и возила во возна состојба се наплатени 8,66 милиони денари, додека благородните метали се даваат на Народна Банка за претопување во монетарно злато. Акции минатата година не биле конфискувани.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи