КОНКУРЕНЦИЈА НА ЗЛАТКО МАРИН ВО СДСМ: Павлески поднесе кандидатура за градоначалник на Аеродром
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2021
Дејан Павлески актуелниот директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот поднел кандидатура за градоначалник на Аеродром. Павлески беше претседател на Комисијата за локална самоуправа на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изминатите осум години.
„Спремен сум по завршување на партиската постапка и сондажа на јавното мислење да влезам во нова битка и да ја предводам општина Аеродром да биде не само најдобра во државата и регионот, тука да се мери со европските општини по квалитетот на живот на своите граѓани. Тоа го заслужуваме, вели Павлески.
Рече дека очекува поддршка од неговите сопартијци и од согражаните.
На 5 јули годинава актуелниот градоначалник Златко Марин информираше дека дека во просториите на ОО СДСМ Аеродром ја доставил кандидатурата за уште еден мандат.