24 Април, 2024
0.1966

Копров им се извини на Србите затоа што не добија од нас ниту еден поен

Објавено во: Македонија 21 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Познатиот композитор Григор Копров јавно се извини на српската нација, поради тоа што од нашето жири не добиле ниту еден глас на Евровизија 2019.

Во отворено писмо кое го објави на својот  профил, тој се присетува на помошта од српскиот режисер Дарко Камарит, кој без двоумење му помогнал на нашиот евровизиски тим во 2007 година и појаснил што треба да се корегира, кога Каролина не претставуваше на музичката манифестација во Хелсинки. Копров јавно прашува како ние би постапиле во обратна ситуација, и потенцира дека е разочаран што нашето жири било составено од, како што тврди, анонимуси, наместо од најеминентни автори.

„Лично чувствувам потреба да им се извинам на колегите и на братска Србија. Затоа што во 2007 година, на изборот во Хелсинки кога имав песна со Каролина Гочева композицијата ,,Мојот свет” во нашата делегација немаше режисер, а требаше.
Сите проби од визуелен аспект беа катастрофални, затоа што никој од нас присутните не знаевме стручно да кажеме што не е добро. Да напоменам дека во полуфиналето имаше 27 држави, и тоа беше во историјата на Евровизија најтешко полуфинале, затоа што 17 држави отпаѓаа. Да кажам дека македонската и српската делегација беа во ист хотел, и за голема среќа во нивната делегација беше и режисерот Дарко Камарит, кој е мој личен пријател. Бидејќи пробите беа при крај, незадоволството беше големо, затоа што визуелниот ТВ настап на Каролина беше катастрофален и очигледно дека со таков настап нема финале.  Јас во таа ситуација бев во очај. Го повикав на кафе Дарко Камарит и му се обратив со овие зборови: Дарко, од ова што го барам од тебе апсолутно не зависи нашето пријателјство. Имено, нашиот режисер, од за мене непознати причини не допатува и нашиот настап е лош. Те молам ако е икако можно да дојдеш и да помогнеш да се реши визуелно она што ние не знаеме објективно да им појасниме на луѓето во режија. Имам во предвид дека ти не си овде приватно и дека претставуваш друга земја, така да, од оваа твоја одлука не зависи нашето пријателство.

Дарко без никакво двоумење рече -Да, дојде и им објасни во режија што треба да се корегира. Имавме фантастичен настап и влеговме во финале“, пишува Копров. 

Македонското жири беше во следниот состав: Сузана Стефановска (музички уредник), Фјола Исмаили (музичар), Роберт Вукелиќ (пејач), Христина Мицковска (радио диџеј) и Ристо Апостолов (музичар).

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат