КОРОНА И ВО ЈУЖНА АМЕРИКА: Маж во Бразил инфициран со опасниот вирус
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2020
Во Бразил e забележана прв случај на човек заразен од коронавирусот.
Tестовите покажале присуство на коронавирус кај 61-годишен маж кој неодамна се вратил од Италија.
Инфицираниот е сместен во болница во Сао Паоло, објави „Ројтерс“.
Од коронавирусот ширум светот се заразени околу 81.000 луѓе во 33 земји.
ЕУ бара европските земји да избегнуваат различни пристапи во борбата против Ковид-19.