26 Април, 2024
0.0314

КОРОНА КРИЗАТА НЕ ГО СПЛАСНА ИНТЕРЕСОТ - станови се бараат, цената никако не паѓа

Објавено во: Економија 09 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Интересот за купување станови кај граѓаните е континуиран. Пад на продажбата на становите не е забележан ниту за време на коронакризата, а цената на становите е диктирана од квалитетот на градбата и таа не се очекува да се намали. 

Податоците на Народната банка покажуваат дека во јуни се одобрени станбени кредити на физички лица во износ од 54.382 милиони денари при што е забележан раст од 1,4 отсто во однос на мај годинава и 13,8 отсто во однос на јуни минатата година. Од март, кога почна корона кризата, издадени се над 50 милијарди денари станбени кредити на граѓаните. Во март 52.949 милиони денари, во април 53.172 милини, мај 53.621 милион денари.

Податоците покажуваат дека и во мај има зголемување на издадените кредити за 13,4 отсто на годишно ниво.

„Континуиран е интересот на граѓаните за станови од сериозните градежни компании кои ги следат најновите трендови во секторот и максимално градат според сите стандарди во создавањето на портфолио на квалитетни градби кои ќе ги користат следните генерации“, изјави за МИА претседателот на Градежната комора на Македонија Ивица Јаќимовски.

Тој истакна дека коронакризата секако има влијание и врз секторот градежништво во повеќе аспекти,  но согласно нивните анализи во Градежната комора, не е регистриран пад на продажбата на новоизградени станови во првите неколку месеци од годинава.

„Работите во градежништвото се одвиваат плански, а цената на становите ја диктира квалитетот и локацијата. Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемуваат и не е возможно да се очекува намалување на цената на становите“, потенцира Јаќимовски.

Појаснува дека основата за формирање на цената е делот на вградените материјали кои се користат, како и делот на работната сила.  Поточно, вели, она што може да очекуваме во следен период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот на цената на квалитетните станови.

Податоците покажуваат дека просечната цена на метар квадратен во 2019 година изнесува 44.994 денари, што е за 4,3 отсто повеќе во однос на 2018 година.

Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесуваше 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 35.255 денари, што е за 6,3 отсто повеќе во споредба со 2018.Наведените просечни цени на 1м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија