КОРОНА СЕ ПОЈАВИ И ВО ТУРЦИЈА: Лицето се вратило од Европа
Објавено во: Балкан 11 Март, 2020
Прв случај на заболен од коронавирус е регистриран во Турција. Лицето кое е заразено се вратило од Европа. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ги презела сите мерки против новиот коронавирус.
„Посакуваме Турција да ги надмине овие тешкотии без жртви. Ниту еден вирус не е посилен од преземените мерки“ - изјави Ердоган.
Заразата од коронавирус се претвори во пандемија.Една болест се прогласува за пандемска кога ќе се прошири во голем број земји во исто време.