24 Април, 2024
0.0285

Корона вирусот ги „залула“ берзите: Акциите во скок по големиот пад

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Азиските берзи зајакнаа откако инвеститорите ги доведоа во прашање причините за стравот од ширење на вирусот корона кој ја зафати Кина.

Пазарите во континенталниот дел на Кина направија пресврт откако паднаа повеќе од 1,0 проценти во утринското тргување.

Премиер листата од акциите на берзата во Шенжен пораснаа за 1,08 проценти на 11.072,06 поени, додека Шенжен композитниот индекс се зголеми за 0,724 проценти на 1.819,61 поени, објави CNBC.

Индексот „Шангај композит“ напредуваше 0,28% на 3,060,75 поени. Индексот во Хонг Конг „Ханг Сенг“ за време на последниот час од тргувањето достигна 1,32 проценти, откако беше на врвот на листата губитници меѓу главните азиски пазари во вторникот.

Јапонскиот „Никеи 225“ исто така се зголеми за 0,7 проценти, заклучувајќи го тргувањето на 24.031,35 поени, при што јужнокорејскиот „Коспи“ скокна за 1,23 проценти на 2.226,25 поени. Централната банка на Кореја денеска соопшти дека економијата на земјата пораснала за 1,2 проценти во четвртиот квартал, според сезонски прилагодените податоци, од претходниот квартал.

Во исто време, акциите во Австралија исто така се зајакнаа, при што индексот S&P / ASX 200 го заврши крајот на денот од тргувањето за 0,94 проценти, на 7.132,70 поени, а најширокиот индекс на MSCI на азиско-пацифичките акции, исклучувајќи ја Јапонија, ја зголеми својата вредност за 0 ,73 проценти. Пријавен е пад на цената на акциите на ВолСтрит во Америка откако Центрите за контрола на болести го потврдија првиот случај на мистериозен коронавирус во САД.

Индустрискиот индекс „Дау Џонс“ паднал за 152,06 поени,а на крајот на тргувањето е заклучен на 29,196,04 поени , додека С & П 500 паднал за 0,3 проценти на 3.320,79 поени.

Технолошкиот индекс „Насдак композит“ исто така паднал за 0,2 проценти и е затворен  на 9.370.81 поени. Официјални лица од кинеските јавни здравствени установи потврдија повеќе од 400 случаи на коронавирусна болест, што ги врати сеќавањата за појава на сериозен акутен респираторен синдром САРС во 2003 година во земјата. Здравствените власти потврдија и случаи на заболување во Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија и Тајван.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството