Добивај вести на Viber
Според податоците на Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Таму вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца позитивни и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 111 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Или, во Скопје се хосспитализирани 211 пациенти, а во другите градови вкупно 200 пациенти.
Што значи дека на болничко лекување во земјава се вкупно 411 лица низ нашите здравствени капацитети.
Сепак, се разгледува идејата во ГОБ 8 септември дел од овој сега ковид центар да се ослободи и за пациенти со други заболувања, а дел од болните што таму се лекуваат да се префрлат во модуларната болница во близина на Инфективна клиника.