29 Март, 2024
0.0279

Короната може да направи обилни крварења во стомакот, докторите да не ги потценуваат овие симптоми, бара лекарската комора

Објавено во: Македонија 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се манифестираат и со обилни крварења или со акутно воспаление на панкреасот.

Затоа е потребно лекарите да бидат внимателни и да не ги потценуваат или занемаруваат раните и благи гастроинтестинални симптоми. 

Ова се главните препораки од деветтата онлајн дебата која ја организираше Лекарката комора со цел овозможување на подобра комуникација и размена на искуства меѓу здравствените професионалци за лекувањето на пациентите инфицирани со вирусот кој веќе една година го држи светот во пандемија.

Научениот соработник д-р Дафина Николова од Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија објасни дека најчест гастроинтестинален симптом кој го добиваат пациентите е дијареја која се јавува кај 30 отсто од инфицираните, а потоа следува губење на апетитот кај 26,8 осто од пациентите. Пациентите чувствуваат и гадење и/или повраќање (3.9-10.1%), како и абдоминална болка/дискомфорт (1.1-2.2%).

Таа потенцираше дека кај болните кои имаат само гастроинтестинални симптоми често е одложено дијагностицирањето на Ковид-19, што ги прави овие пациенти извор за расејување на вирусот.

„Потребно е високо ниво на свесност кај клиничарите, бидејќи овие пациенти се хоспитализираат во не-КОВИД центри што може да претставува опасност за останатите пациенти и персоналот. Лекарите треба да бидат внимателни и да не ги потценуваат или занемаруваат раните и благи гастроинтестинални симптоми и да се сомневаат на можна Ковид-19 инфекција, дури и кај пациенти со претходна постоечка гастроинтестиналнa болест", истакна д-р Николова.

Пациентите со воспалителни цревни болести, иако имаат повеќе рецептори за поврзување со вирусот, сепак имаат еднакви шанси како и општата популација за инфекција.

"Потребен е индивидуален пристап кај секој пациент, а пациентите кои имаат влошување на цревните симптоми, потребно е најпрво да се тестираат за SARS-CoV-2 вирусот, за да се разграничи дали станува збор за Ковид-19 инфекција манифестирана само со гастроинтестинални симптоми или пак за влошување на воспалителнита цревна болест. Во однос на нивната хронична терапија во случај на инфекција со коронавирусот постојат прецизни препораки кои треба да се применуваат во консултација со лекар", изјави д-р Николова.

Во однос на вакцинацијата на пациенти со воспалителни цревни заболувања генерална препорака е дека пациентите треба да се вакцинираат кога ќе имаат прилика за тоа. Одложување на примањето на вакцина треба да се направи само ако болеста е во фаза на влошување. Употребата на имуносупресивна терапија не треба да ја одложи вакцинација, туку пациентот треба да се вакцинира кога прима најмала доза на системски кортикостероиди. Може да се прими било кој тип на вакцина во две дози. Вакцинација се препорачува и кај пациентите кои биле инфицирани со Ковид 19 и тоа 4 недели по почеток на симптоми или 4 недели по позитивен PCR кај асимптоматски пациенти.

Претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова, потенцираше дека во третманот на пациентите со Ковид-19 се забележани случаи на обилни крварења во гастроинтестиналниот систем и кај пациентите кои немале претходно заболување.

„Имавме случај на 17 годишна пациентка со обилно крварење од ректумот, која на клиниката беше донесена во многу тешка состојба со потреба веднаш да се даде трансфузија на крв. Пациентката добро реагираше на лекувањето и крварењето беше запрено. Вакви случаи на гастраинтестинални крварења сè почесто сретнуваме, без наод на видлива причина за крвозагуба, па се смета дека крварењето настанува како последица на Ковид-19 вирусот и примената терапија за негово лекување, пред се антикоагулантана терапија", објасни проф. д-р Гривчева Старделова.

Д-р Владимир Аврамовски од Клиниката за гастроентерохепатологија појасни дека болеста се јавува во три фази и во секоја може да се јават различни гастроинтестинални манифестации.

„Лекарите мора да ги разликуваат фазите на болеста и точно да одредат пациентот во кој стадиум се наоѓа за да може да донесат правилна одлука за тоа која терапија е најадекватна. При одредувањето на терапијата мора да се има предвид и ризик стратификацијата според различни критериуми, како што се возраста, гојазност или присуството на други заболувања ", изјави д-р Аврамовски.

До скоро немало докази дека корона вирусот може директно да ги инфицира клетките на панкреасот, но поновите студии докажале дека тоа е можно и треба да се внимава.

"Она што е важно е дека секогаш пред да се постави дијагноза за акутен панкреатит предизвикан од SARS-CoV-2 неопходно е да се исклучат сите други можни причини и доколку има основ за друга генеза на акутниот панкреатит, се смета дека инфекцијата со SARS-CoV-2 не е причинител, туку e коегзистирачка", објасни д-р Аврамовски.

Во дискусијата лекарите опишаа и случај на млада родилка која во текот на инфекцијата со Ковид-19 добила сериозно воспаление на панкреасот, по што се утврдило дека причината била блокада на жолчните канали, а не директно SARS-CoV-2 вирусот. Пациентката била успешно излекувана со заеднички пристап на специјалистите од клиниките за гастроентерохепатологија и за инфективни болести, се наведува во соопштението од Лекарската комора.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата