КОРОНАВИРУСОТ ИМ НАПРАВИ ШТЕТИ: Авионските билети чинат колку едно кафе
Објавено во: Економија 27 Февруари, 2020
Aвионски билети се продаваат по цена колку едно кафе.
Кинеските авиокомпании нудат авионски билети за четири долари.
Во просек дневно во февруари во Кина се откажуваат по околу 10.000 домашни летови. Ова се случува поради епидемијата на новиот коронавирус.
За дестинации оддалечени по 1.500 километри билетите чинат 20 американски долари, а ниско-тарифните компании нудат и за помалку од четири американски долари.
Странските агенции како за споредба пишуваат дека едно кафе во „Старбакс”, се продава за четири и пол американски долари.
Koрона вирусот во Кина се појави лани, а оваа година се прошири во 33 други земји.