Косовците потрошиле богатство за визи
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2018
Дека косовските граѓани трошат многу пари за визи за да патуваат во друга земја во светот, потврдуваат и потрошените средства лани за таа цел, кои изнесуваат 20 милиони евра.
– Визната либерализација не се случи и како последица на тоа минатата година косовските граѓани беа принудени да бараат виза, која лани ја добија над 8.500 лица за да патуваат во друга држава. За овие деловни, туристички, спортски и семејни визи, потрошени се над 20 милиони евра, потврдуваат од Косовската бизнис алијанса.