Косовците се прашуваат зошто наместо во Приштина, Американците вечераа во Белград?
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2020
Косовските медиуми го отворија прашањето зошто Американците вечерале во Белград, а не во косовската престолнина, Приштина.
Таква опција не била спомената, ниту имало иницијатива.
За тоа зошто не е организирана вечера при посетата на американската делегација на ДФЦ и специјалниот пратеник на САД за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, исто како во Белград, директорот на приштинскиот Завод за протокол, Орхан Хајризи, објаснил дека такво нешто не било планирано, пишува „Газета експрес“.
Објаснувајќи зошто вечера е подготвена за време на последната посета на Гренел, а не сега, Хајризи изјавил дека многу фактори влијаат на тоа.
Тој кажал дека покрај протоколот, постојат и други служби кои се занимаваат со координација на активностите за време на посетата на службено лице.
Задоволен од посетата во Белград, специјалниот пратеник на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија, Ричард Гренел на Твитер сподели видео на кое се гледа како американската делегација вечера со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.
Гренел покрај видеото напиша: „Србите и Американците во Белград пеат за Алабама и Западна Вирџинија, неверојатна ноќ“.