Косово ги враќа камионите со брашно: Причина -нивото на железо и фолна киселина
Објавено во: Економија 17 Мај, 2021
Блокадите од косовска страна ги заглавија мелничарите од земјава скоро 25 дена да не можат да направат извоз.
Како што се наведува причина за блокадите се враќањето на камионите со брашно во за кои изговор е дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаниот правилни.
Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија станува збор за измислена, вештачка блокада од страна на Косово веќе 25 дена.
Од Мелничката индустрија испратија апели до Владата, одговорните министерства и државни агенции, да го решат проблемот со извозот, како и неконкурентниот и неконтролиран увоз на брашно со околните држави кои се потписнички на ЦЕФТА и со соседите кои се членки на ЕУ.