Косово нема да увезува македонски мед и компири
Објавено во: Економија 16 Август, 2019
Косово забрани увоз на компири и мед од Македонија.
Министерот за трговија и индустрија во Владата во оставка на Косово Ендрит Шаља денеска нареди забрана на увозот на компири и мед од Северна Македонија, како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увозот на риба за порибување од Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението на Министерството стои дека се работи за „преземање реципрочна мерка кон Северна Македонија“, како и дека Царината на Косово се обврзува мерката да почне да ја спроведува веднаш.