Косово со аргументи ќе треба да одговори пред Бектеши за забраната за увоз на компири и мед
Објавено во: Македонија 20 Август, 2019
Македонија денеска од Косово ќе бара одговори и со аргументи да каже зошто и од каде произлезе забраната за увоз на компиири и мед.
Во Приштина министерот Бектеши заедно со косовнскиот министер за трговија и индустрија Ендрид Шела ќе бара одговори врз основа на кои меѓународни стандарди Косово реши да ја воведе мерката.
Македонските служби се убедени дека производите кои се извезуваат ги задоволуваат сите светски стандарди и нема причина за воведување на царински бариери.
Имено, забраната за увоз на компири и мед од косовска страна доаѓа како последица на забраната за увоз на риба за порибување од Косово.