Косовскиот министер за внатрешни работи: Обвинетите од „Монструм“ ќе бидат екстрадирани
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019
Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа во Ѓорче Петров, каде што македонските и косовските специјални сили имаа заедничка вежба, рече дека првообвинетите во случајот „Монструм“ ќе бидат екстрадирани во Македонија.
- Тие ќе бидат екстрадирани во Македонија, штом завршат сите процедури во министерството за правда - рече Мустафа
Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинетите за убиството на петмината Македонеци кај Железарското езеро во Скопје, се пребегани во Косово од 2012, а тамошната полиција ги уапси и кај нив пронајде поголемо количество оружје.
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, за специјалните единици најави нови интервентни возила следната недела, кои што треба да ги заменат старите, но не сакаше уште сега да ги објавува нивните технички карактеристики.
Додаде дека засега нема индиции дека може да дојде до зголемување на бројот на мигранти и дека е рано уште сега да биде во комбинација за технички премиер, бидејќи за тоа, како што вели тој, ќе одлучува шефот на Владата, Зоран Заев, и органите на партијата.