28 Март, 2024
0.0565

Комплетиран составот на Управниот одбор на Сава пензиското друштво

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, CFA е назначен за нов член на Управниот одбор. Тој е дел од Сава пензиско друштво а.д. Скопје од ноември 2011 година, како Управувач со портфолијата на пензиските фондови, а од декември 2016 година ја вршеше функцијата Директор на Секторот за инвестиции.

 Севкупно тој има повеќе од 16 години професионално работно искуство на глобалниот и локален пазар на капитал. Тој  e Овластен финансиски аналитичар (Chartered financial analyst) и член на CFA Institute од Соединетите Американски Држави и Магистер по европска економија и меѓународни финансии на факултетот „Тор Вергата“ во Рим, Италија. Неговото работно искуство опфаќа сегменти на старателски услуги со хартии од вредност, инвестициско банкарство и управување со пензиски фондови.

Управниот одбор на Сава пензиско друштво сега има вкупно три члена, каде покрај Коста Ивановски, CFA членуваат д-р Петар Талески, FRM и Мира Шекутковска која воедно е и Претседател на управниот одбор.

Сава пензиско друштво АД Скопје управува со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус, кои се дел од капитално финансираното пензиско осигурување во Р.С. Македонија.

Друштвото, неговите акционери и членовите на пензиските фондови очекуваат приклучувањето на млади, високо стручни лица, со експертски лиценци и знаења од областа на управувањето со средства и управувањето со ризици во новиот состав на Управниот одбор да придонесе за натамошен развој на професионалниот тим, што веќе 14 години се гради во Сава пензиско друштво а.д. Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“