29 Март, 2024
0.0253

Коста Петров: На крај превртував очи во СДСМ пред да си дадам оставка

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, во утринската емисија на Телма денеска рече дека во неговата нова книга наречена „Што ќе кажат другите“ има многу пиканетрии од неговиот живот во владејачката партија. ПР-експертот во студиото рече дека во последната фаза апред да си даде оставка на партиската функција и како директор на Фондот за иновации и технолошки развој „превртувал очи“.

- Кога сме во поинтимен форум нема да бидам некој кој лажно ќе ракоплекса. Влегов романтично во политиката, да менувам, верував во промени, но како ја спознавав партијата се соочив со првата кочница и никогаш не ме прифатија како нивни потпретседател две и пол години. Тоа во фаца ми го кажуваа - ми велеа такви како тебе си оделе, ќе си одиш и ти. Си реков што правам на 38 години. Првите месеци бев нов, и кога го доживеав првиот сериозен удар, ја дадов првата оставка по неколку месеци кога се правеа изборните листи за парламентарните избори 2020. Јас сакав да ставам мега успешни личности кои би влегле во политиката, но партијата секогаш победува, рече Петров.

Тој вели дека претходно четири месеци преговарал со СДСМ за да влезе во политиката, но потоа се соочил со реалноста

- Првичната идеја беше да бидам потпретседател на владејачка партија и советник за ПР, но не знаеја што да прават со мене. Четири месеци ми се додворуваа, јас ги одбивав, им велев дека нема шанси, сметав дека таа функција треба да му се даде на некој од партијата. Одлуката ја донесов два часа пред да се одберат потпретседатели. Првичната идеја беше да креираме нова ПР стратегија бидејќи сметав дека не им е на ниво тоа што беше, но од одредени структури на партијата немаше желба за промени, а јас не сум таков да им кажувам на сите дека се добри, вели Петров.

Подолго време размилувал да си даде оставка, но нов момент бил почетокот на пандемијата.

- Започна ковид кризата, го раководев економскиот совет во партијата за економските пакети, формиравме една група од 15 економисти експерти па ми се врати повторно надежта, ја доловува атмосферата Петров. 

Неговиот заклучок е дела главниот проблем е апатијата во која секој смета дека ништо повеќе не може да се промени во општеството


Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?