„Костал“ е првата компанија која ќе плати корпоративен данок во Македонија

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2025 13:47
Инвеститорот за производство на технолошки напредни автомобилски делови „Костал“ од Охрид е прва компнија која се согласи да го плаќа корпоративниот данок од 15 проценти.
Како што денес порача министерот за транспорт Александар Николоски, ова решение веќе поминало на Комисијата за економски систем при Владата.
Станува збор за новововеден начин на плаќање данок за македонските компании зад кои стојат големи странски корпорации. Со воведувањето на глобалниот корпоративен данок, повеќе нема да плаќаат дел од данокот во странство, туку целиот износ од 15 отсто, наместо како до сега од 10 проценти, ќе го уплаќаат во Македонија.
“ Сакам да се заблагодарам за општествената одговорност што ја има компнијата. Во понеделникот на Комисиjaта за економски систем и тековна економска политика што ја предводам во рамки на Владата, можам слободно да ги пофалам, Костал е првата компанија која се согласи глобалниот корпоративен данок да го плаќа тука во Македонија. Тоа се дополнителни средства во македонскиот буџет и очекувам во годините што доаѓаат да се равива соработката и да се отвораат нови работни места, да се зголемува извозот, да се зголемува девизниот прилив и да расте економијата. Владата е партнер на компаниите”- изјави вицепремиерот Николоски.
Глобалниот корпоративен данок ќе го плаќаат компании кои имаат приходи поголеми од 750 милиони евра во странство, поголеми од 10 милиони евра во земјата и добивка поголема од 1 милион евра кај нас.
Можеби ќе ве интересира
ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата
