Костовски: Oва е период на милионски тендери коишто Владата ги мести

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020
Вечерва сме на протест пред Владата, против криминалот, против невидената корупција од огромни размери и исклучително против политичкиот прогон кој што се случува во Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
Додаде дека половина милион жители во земјава живеат со само 130 денари дневно, додека 25 илјади жители во Македонија живеат со минимални само 44 денари дневно, а луѓето од власта енормно се богатат.
„Како што се вели во политичката наука, политичка репресија која се јавува кај политички неистомисленици т.е. се јавува спрема оние кои што немаат ист став со актуелната власт користејќи ги сите државни апарати, односно злоупотребувајќи ги“, потенцира Костовски.
Тој додаде дека ова е период на милионски тендери коишто Владата ги мести, но истовремено се одвива и рекет на сите можни нивоа, од високи бизнисмени, до локални гранапчиња.
Вечерва протести има во седум градови во Македонија.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе добие вакцини од Србија, денес нови 63 заразени со коронавирусот

Во еден од македонските градови има само 8 активни случаи на коронавирусот

Опозицијата бара помош од Орбан за да се тргне бугарската блокада

Гордана Јанкулоска тврди дека за уништување на опремата за прислушување дознала кога СЈО отвори истрага

Поради коронавирусот Собранието немаше кворум за работа

ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Најавени се нови врнежи од снег

Сашо Мијалков: За девет години само неколку пати сум вклучил компјутер

Горан Сугарески седна во директорската фотеља во Царина - ветува чесно работење
