Ковачев: Самуил е цар на бугарското царство, Прличев е Бугарин
Објавено во: Македонија, Балкан 10 Декември, 2018
Бугарскиот европратеник Анреј Ковачев вели дека Македонија треба да биде во НАТО, а треба да се почитува и договорот со Бугарија.
Според него, историските избори од минатите векови докажуваат стотици години до 1994 година во географската област Македонија, бугарскиот етнички елемент бил доминантен и луѓето се самоопределувале како Бугари.
„Цар Самуил е бугарски цар на бугарското царство! Григор Прличев е Бугарин! Нема простор за маневрирање, компромис или какво било превртување. Сегашното самоопределување на дел од граѓаните на Република Македонија како Македонци е исто така факт кој треба да се почитува, но не може да се дозволи подбивање со нашите предци!“, пишува Ковачев.
Бугарската ТВ Европа го пренесува ставот и на вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и на Ковачев, но објави и дека Ковачев телефонски разговарал и со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров и апелирал „Скопје да се придржува до истриските факти”.Скопје да престане да ја фалсификува историјата, рече Каракачанов, откако претходно на Фејсбук напиша дека нема да дозволи протнување на македонскиот јазик како официјален во ЕУ и НАТО. Каракачанов во интервју за бугарски медиум повторно во фокус ја стави бугарско-македонска комисија за историските прашања за која рече дека во година и половина не направила никаков напредок и дека бугарската страна не опстојува на доволно цврсти позиции.