28 Септември, 2024
0.0268

Ковачевски: Бранко Црвенковски гледа на работите од перспектива од неговото време

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја искоментира изјавата на поранешниот шеф на Владата, претседател на земјата и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој вчера се огласи со видување дека ЕУ нема став „што ќе прави со себе во иднина, а не пак да прима нови членки од Западен Балкан“.

Според Ковачевски, како што одговори на новинарско прашање, Црвенковски ги гледа работите од своевремена перспектива кога во негово време изгледало невозможно да се постигне договор со Грција.

- Кога ќе погледнете од временска перспектива, може да ви се чинат некои работи неоствариливи или тешко остварливи. На пример, јас сум разговарал со негови колеги кои што биле во неговиот кабинет, инаку мои блиски пријатели, кои велат „за нас од временска перспектива од тогаш беше несфатливо да се дојде до договор со Грција и државата да стане членка на НАТО“. Но сега гледаме дека можело да се дојде до договор со Грција и да станеме чкенка на НАТО. Никој не очекуваше дека минатата година ќе добиеме Преговарачка рамка, но заедно со пратениците ја усвоивме во Собранието, рече Ковачевски.

Тој останува на ставот дека до 2030 земјата може да стане членка на ЕУ доколку се донесат „одлуките кои што се очекуваат од нас“ со комплетирање на скринингот и затворање на поглавјата.

Според Ковачевски, сосема подруго мислење од Црвенковски имаат раководителите на Европската унија, како што е Урсула фон дер Лајен.


Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?