Koвачевски: Не можеме да се мешаме дали Бугарија некому ќе даде државјанство или ќе подари стан
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2023
Откако бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков денеска објави дека охриѓанецот Христијан Пендиков ќе добие државјанство во најкус можен рок и стан, затоа што не се чувствува безбедено во земјава, македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека во тоа не можат да се мешаат.
„Што се однесува до активностите кои ги има Бугарија во рамки на својата држава и во рамки на надлежностите на нивните институции ние тука не можеме да се мешаме дали тие некому ќе дадат државјанство или ќе подарат стан, исто како што никој не може да се меша кај нас доколку ние решиме да го направиме тоа со некој граѓанин“, изјави премиерот.
Не е исклучена можноста Пендиков да добие и лично обезбедување.
Во Охрид се случи тепачка, при што три лица го нападнале Пендиков, по што Бугарија со владин авион го однесе во Софија на лекување. Момчето е секретар на бугарскиот клуб во Охрид.