20 Април, 2024
0.0325

Ковачки до Ахмети: Ако Ковачевски чека одобрување за да отиде на тет-а-тет средба со претседателот Мицкоски, дајте му го

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

„Ковачевски кој што нема никаков авторитет во својата партија и во владата на ДУИ е потполно заборавен и запоставен,  истиот не може да донесе ниту една одлука самостојно. Видовме дека тоа не можеше да го направи ниту кога ја поднесуваше својата оставка, односно кога требаше да ги прашува челниците на ДУИ, односно Али Ахмети, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на средбата со жителите при денешната посета во населените места Смојмирово, Русиново во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

Ковачки истакна дека Ковачевски треба да се охрабри и да се одважи и да прифати тет-а-тет средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Исто се случува и со организацијата на тет-а-тет средбата, односно средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Ковачевски треба да се охрабри и да се одважи да ја организира средбата затоа што само тоа е единствениот пат за излез од политичката криза која што ја создадоа СДС и ДУИ. Ковачевски не треба да се плаши и треба да побара одобрување од Али Ахмети, додаде тој.

Ковачки упати апел до лидерот на ДУИ Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски за средба со Мицкоски, бидејќи како што рече мора да се најде начин Македонија да излезе од оваа политичка криза во која се наоѓа.

Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација, порача Ковачки.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан