29 Март, 2024
0.0266

Ковид пасош или впечаток дека вакцината е задолжителна: Состанок на лидерите на ЕУ во четврток

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Лидерите на Европската Унија на вонреден состанок на Европскиот совет во четврток ќе разговараат за воведување на таканаречен „ковид-пасош“, објави Европската комисија, додавајќи дека ова е многу чувствителна тема. 

„Важно е да се види кои би биле потенцијалните права на луѓето кои би ги имале тие пасоши, но исто така и правата на оние кои немаат такви пасоши. Ова е многу чувствителна дебата што мора да се одржи меѓу лидерите на ЕУ за време на состанокот кој ќе се одржи преку видео-конференција во четврток", изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамар. 

 Дебатата за пасошите за корона ќе се најде на агендата на состанокот на лидерите на ЕУ, кој е целосно посветен на одговорот на Унијата на пандемијата, а се одржува на барање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој побара воведување на „сертификат за вакцинација“, за вакцинираните лица да можат слободно да патуваат. 

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека „не ја исклучува“ можноста за воведување вакви сертификати и дека по тој повод веќе имал неформални разговори со лидерите на ЕУ. Тој забележува дека мора да се изгради единствено европско мислење за тоа дали воопшто треба да се воведе таков документ, но и кога. 

„Повеќе луѓе ќе мора да се вакцинираат пред да се примени. Ако се примени прерано, тоа ќе предизвика голема фрустрација во Европа", рече Мишел како гостин на холандската телевизија во неделата вечерта. 

ЕУ проценува дека ова е „многу чувствителна тема“ на која мора да и се гледа и правниот аспект. 

 „Оваа тема е чувствителна во многу европски земји, бидејќи некои од нив ќе имаат впечаток дека со ваква потврда ние всушност одлучивме дека вакцинацијата е задолжителна, а во многу земји е подобро ако вакцинацијата остане доброволна и ако не одлучиме да ја направиме задолжителна. Ние мора да се обидеме што е можно повеќе да изградиме европско единство за толку тешки прашања“, вели Мишел. 

Видео конференција на лидерите на ЕУ е закажана за четврток во 18 часот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење