28 Март, 2024
0.0243

Крај на пржена храна, колачи, вафли и бонбони во детските градинки во Бугарија

Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Пржена храна, колачи, вафли и бонбони повеќе нема да бидат присутни во менијата во градинките за деца во соседна Бугарија. Но, исто така овој тип на храна нема да се подготвува ниту во детските домови и детски кампови.

Забраната е воведена како промена во Уредбата за здрава исхрана на деца на возраст од 3 до 7 години, објавија бугарските медиуми.

 Новите менија обезбедуваат најмалку три вида свежо овошје и свеж зеленчук неделно, ајран без додадена сол и џем со екстра квалитет. Децата нема да можат да јадат морска храна, како што се школки, ракови и лигњи, ќе биде дозволена само риба.

Досега правилата за здрава исхрана во згрижување дозволуваа прием на пржена храна, како и на колачи, пасти, вафли и бонбони до два пати неделно. Во проектот на овој правилник престанува можноста за слатките производи, а пржена храна се забранува.

Се воведува и услов децата да јадат барем по 3 видови свежо овошје и уште толку вида свеж зеленчук неделно, а ужинката пред пладне веќе ќе може да биде и од зеленчук, но без додадена сол или шеќер.

Во новиот вид на храна за градинките, домовите и детските кампови за деца од 3 до 7 години се воведуваат но и се ограничуваат додадените масти.  Ќе има ограничување за користење при подготовка на храната и за употребата на сол и шеќер.

Според новите правила децата треба да консумираат интегрални производи барем 5 пати во неделата, да јадат џемови и мармалади само со екстра квалитет, сирење, кашкавал и урда - само од кравјо млеко, а месото да нема масти и да не е обработено на друг начин, освен ладно.

Подготвеното мелено месо, ќофтињата и ќебапи нема да биде дозволено. 


Фото  blitz.bg

Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа