29 Март, 2024
0.0283

КРАЈ НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ЗЕМЈАВА: УБК се претопи во нова агенција

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Пакетот безбедносни реформи доби зелено светло од пратениците на власта но и на опозицијата.

Тие заедно ги донесоа клучните безбедносни реформи кои се бараат со извештајот на Прибе и ЕК 

Со овие реформи УБК веќе нема да постои туку станува нова Агенција за национална безбедност а преку полиграф ќе поминат сите вработени.

 Реформираната Управа за безбедност и контраразузнавање, која согласно предложеното законско решение ќе се нарекува Агенција за национална безбедност, треба да профункционира од 1 јуни, како владина агенција, предводена од директор, именуван од Владата, на предлог на премиерот, а нејзините вработени нема да имаат полициски овластувања.

Нејзиното формирање е дел од поширокиот процес на реформирање на безбедно-разузнавачките служби, што е еден од приоритетните реформски процеси на патот на европската интеграција. На 1 ноември минатата година беше формирана ОТА, која е медијатор во процесот на следење на комуникациите и има техничка улога, односно ја вклучува мерката и го пренасочува сигналот кон корисникот на мерката, но нема пристап до содржината што се следи.

Со новата Агенција се продолжува реформскиот процес во оваа сфера – УБК се вади надвор од МВР, со што се става крај на тајната полиција во земјава, се врши деконцетрација на моќта во оваа сфера, информираа надлежните.

Целта е создавање на ефикасна, деполитизирана, департизирана Агенција во функција на заштита на државата, нејзините национални интереси и нејзините граѓани.  Со реформите се прават обиди да се  регулира работењето на внатрешното разузнавање, но исто така и да не се пререгулира.

Три полиња се во фокусот на работата на оваа Агенција-  контраразнуавање, контратероризмот и заштита на уставното уредување и повисоките форми на организиран криминал, пред се корупцијата на носителите на јавни функции и пролиферацијата.

Засега не се знае каде ќе биде сместена новата Агенција, но со сигурност таа нема да биде во МВР. Се разгледуваат повеќе опции за локацијата, каде би била сместена.

Директорот на Агенцијата го именува и разрешува Владата, на предлог на премиерот со мандат од пет години со право на уште резибор. Тој согласно новото законско решение треба да се именува во периодот од 20 мај до 1 јуни.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара