23 Април, 2024
0.0320

КРАЈ ЗА БОНДСТИЛ: Американските трупи ќе се повлечат од Косово?

Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

САД ја разгледуваат можноста за повлекување на своите трупи од Косово, aко Приштина не ги укине царините на стоката од Србија.

Ваква информација се појави во Газета експрес. Како што пишува весникот, ова е најсериозна закана кон Косово. Амбасадорот на САД во Приштина Филип Коснет му кажал на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата земја размислува за таквата можност. 

Пред неколку месеци се шпекулирало дека Американците размислуваат за отстранување на базата Бондстил од Косово, доколку политичкото раководство продолжи да не ги слуша барањата на меѓународниот фактор за укинување на царините. 

Весникот потсетува дека Курти и претседателката на косовскиот парламент Вјоса Османи, како кандидати за премиер на изборите на 6 октомври, ветија дека ќе ги укинат царините и дека ќе ги заменат со широки мерки на реципроцитет со Србија. 

Американските власти сметаат дека премиерот Албин Курти, лаже кога рече дека ќе ги укине таксите. 

Експрес ја цитира порака од вицепремиерот од партијата ДСК, Авдалах Хоти, дека партнерството на Приштина со САД е од витално значење и дека нема алтернатива.

„Нашето партнерство со САД е од витално значење и нема алтернатива. Нема среден пат“, напиша Хоти на својот Фејсбук профил. 

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија, амбасадорот Ричард Гренел, е категоричен дека царинитре треба да се укинат веднаш за да се продолжи со дијалогот.

Српските власти бараа да се укинат царините. 

Косово воведе царини од 100 отсто за производи од Србија и од Босна и Херцеговина при крајот на 2018 година. Тогаш косовските власти рекоа дека Србија имала деструктивно однесување кон Косово. 

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа