Kрај за бугарските „златни“ пасоши
Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2022
Доаѓа крајот за бугарските „златни“ пасоши. Тие не дале ефект и поради нив не се отворени нови работни места во земјата, што ќе ја раздвижи економијата.
Бугарската влада усвои закон со кој се укинуваат таканаречените „златни пасоши“, програма која дозволува државјанство во замена за големи инвестиции. Министерството за правда соопшти дека „златните пасоши“ не довеле до реални инвестиции во Бугарија.
Како што објави порталот Еурактив, бугарскиот „златен пасош“ го поседуваат 96 странци. Најмногу го имаат Руси, а потоа следуваат државјани на земјите од Блискиот Исток. Граѓаните на земји надвор од Европската унија добија дозвола за постојан престој во Бугарија („златна виза“) или „златен пасош“, поради инвестициите главно во купување државни хартии од вредност или банкарски депозити во земјата. Вредноста на „златната виза“ е инвестиција од 525.000 евра, а вредноста на „златниот пасош“ е 1,05 милиони евра.Во јуни 2021 година, Европската комисија ја предупреди Бугарија да ја прекине практиката на издавање пасоши за инвестиции, затоа што другите членки на Унијата имаат обврска да признаваат државјаните на трети земји како граѓани на ЕУ.
foto BGNES