Крај за едно сонце во Македонија
Објавено во: Македонија 14 Август, 2019
Барање до локалните самоуправи од сите јавни места да се отстранат симболите на сонцето на Вергина упати Владата.
Тоа сонце до 1995 година беше дел од македонското знаме.
Сонцето на Вергина, кое после прогласувањето на независноста на Македонија, се наоѓаше на знамето, од вторник е непосакуван симбол во државата.
Наредба до сите локални самоуправи, согласно со претходните меѓународни обврски, да се отстрани овој симбол од јавните места, штом суштински се заврши процесот на отстранување симболи околу кои скоро три децении спореа Скопје и Атина.
Недолго после прогласената независност, Македнија на знамето имаше ѕвезда или сонце на Вергина, симболот на античка Македонија, кој додуша во сино-бела комбинација се наоѓа на знамето на Грчка Македонија.
Тој симбол во 1995 година , под притисок на Грција, е заменет со македонското сонце.
Компромисната верзија на ова сонце се наоѓа на споменикот Александар Македонски во Скопје и на плочниците околу неколку градови во земјава.
Во последните години можеше да се види само како дел од сценографија во тек на протестите на опозициската ВМРО ДПМНЕ.