КРАЈНО ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ - Курц и Заев со заедничка констатација
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2021
Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров оствари билатерална средба со австрискиот канцелар и домаќин на Самитот за Западен Балкан во Виена, Себастијан Курц.
Крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ и да ја интензивира сопствената и регионалната европеизација преку отворањето на поглавјата низ преговорите, е една од заедничките констатации од разговорот.
Заев и Курц изразија задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Северна Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите обновливи извори на енергија, инфраструктура и здравство.