28 Март, 2024
0.0247

Кралот Мухамед VI од Мароко одржа говор за одбележување на 44тата годишнина на Зелениот марш

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Кралскиот говор по повод 44-годишнината од Зелениот марш е продолжение на низа основачки говори на „новата фаза“, секвенца инаугурирана од говорот на Денот на тронот од 30 јули 2019 година.

Кралот во својот говор истакна дека Зелениот марш бил и ќе остане апсолутен симбол на симбиозата што ги обединува Престолот и народот. Состојбата што го овозможи обновувањето на Сахара во 1975 година е сè уште актуелна и денес, додека пак Зелениот марш нè наведува на успешен заклучок кон развојот на сите региони на Кралството Мароко.

Според одржаниот говор на Кралот, на „новата фаза“ и треба ист дух како на Зелениот марш, за да претседава со спроведувањето на развојот на сите региони на Кралството Мароко, како дел од напредната регионализација и во комплементарна логика, конзистентност и хармонија.

Кралскиот говор го смета Националното прашање на Кралството релевантно како за сите внатрешни работи, така и за меѓународната позиција. Мароко, чија позиција е обележана со печат на јасност, е конзистентна со внатрешните релации, со Обединетите нации, со регионалните организации и со нејзините надворешни партнери.

Оваа позиција на јасност на Кралството предизвикува поддршка на меѓународно ниво, во рамките на Обединетите нации, во Регионалните Организации, како и во билатералните партнерства и со регионалните групи.

Кралскиот говор е во континуитет и кохерентност со Говорот од 6 ноември 2018 година, кога Мароко му подаде рака на Алжир преку иницијатива на директен дијалог. Овој дух на отвореност е постојано присутен во овогодинешниот кралски говор. Кралскиот говор ги изрекува, еден по еден, очекувањата што денес ја прават изградбата на Магреб итна побарувачка. Кралскиот говор го поставува, со храброст и луцидност, прашањето за регионалната градба, на ниво на Магреб и продолжува: „За волја на вистината, нашиот заеднички непријател лежи во имобилизам и ниското ниво на развој што го доживуваат нашите пет народи. Време е да се ангажира активна и конструктивна динамика, посакувана од 5-те народи на Магреб.

Закрепнувањето на мароканската Сахара за време на Зелениот марш, ја комплетира географијата на Мароко, каде што Агадир е скоро еднаква на Тангиер и провинциите на Сахара. Мароко треба да го преземе својот територијален идентитет, со оглед на потребата за поголема инфраструктура, што ќе биде ставена во служба на сите региони.

Кралот Мухамед VI дава пример за регионот на Соус-Маса, кој што има потенцијал и што мора да се смета денес како географски центар на Мароко. Кралската филозофија на регионализација е онаа на комплементарни, поддржувачки и хармонични региони. Кралството Мароко, мора да биде изградено во дух на хармонија и комплементарност меѓу неговите региони. Секој мора да може да има еднаква корист од инфраструктурата и големите проекти, неопходно и профитабилно за целата земја. Во овој контекст, мароканската Сахара се истакнува сè повеќе како врска помеѓу Кралството и африканскиот континент.

Африка останува приоритет за Кралството Мароко. Тоа е фундаменталната оска на надворешната политика на Кралството, која е исто толку опфатена со „новата фаза“ што ја посакува кралот. Фокусот на африканската соработка во име на Министерството за надворешни работи потенцира дека континентот е клучна структурна оска на дипломатско дејствување, во согласност со Високите кралски упатства. 

Силната посветеност на Кралот Мухамед VIво Африка, преку многуте кралски посети и скоро илјада договори потпишани со различни земји, е придружена со јасна ориентација за Мароко,да ги исполни своите обврски и да продолжи да го консолидира своето присуството во Африка.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија