21 Октомври, 2021
0.0301

КРАТЕЊЕ НА СМЕНИ, РАБОТНИЦИ НА ОДМОР, ПРЕКИН НА РАБОТА: Најголемите македонски извозници на удар на кризата со микрочипови

Објавено во: Економија 24 Септември, 2021

Ефектите од глобалната криза во автомобилската индустрија се поприсутни во домашната економија, тврдат домашни познавачи коментирајќи ги најновите показатели кои укажуваат на силно забавување на производството на автомобили. Кризата ја предизвика глобалниот недостиг на микрочипови и електронски компоненти, а тоа силно влијае и на најмоќните автомобилски гиганти кои секојдневно објавуваат намалени проекции, па дури и затвораат линии за производство. Вчера Фолксваген објави дека ќе го намали производството следната недела во главната фабрика во германски Волфсбург, а една монтажна линија, која го произведува VW Golf, ќе работи само во една смена од понеделник до четврток. Виктор Мизо, генерален менаџер на Костал за Фактор вели дека оваа состојба веќе неколку месеци се рефлектира на европските автопроизводители, а македонската економија е сериозно зависна од автомобилскиот сектор таму кога домашниот извоз е во прашање. Засегнати се и поголем број вработени во македонскиот автомобилски сектор, но и вредноста на инвестициите.

„Состојбата нагло се влошува до тој степен што  некои компании имаат и понизок степен на работа и месечен извоз од истиот период во 2020, а тогаш пандемијата беше многу проширена и се уште немаше конкретни информации за вакцина и излез од кризата. Ова веќе резултираше кон драстично намалување на работата и ниско искористување на производствените капацитети. Намалување на бројот на неделни смени, користење на годишен одмор или прекин на производствениот процес од деловни причини и општо намалување на трошоците се некои од начините кои веќе се имплементираат од повеќе компании – присутни во Македонија. Полека но сигурно негативниот ефект почнува да се прелева и кон нивните локални добавувачи од други сектори, вели Мизо.

Неделава од Хонда изјавија дека во месец септември го намалиле производството за 60 отсто во однос на планираното, а следниот месец падот може да достигне до 70 отсто како резултат на недостатокот на микрочиповите и доцнењата во испорака на материјали предизвикани од пандемијата на Ковид-19. Се поизвесно е дека 27 од 28-те производствени линии ке бидат прекинати во период од околу 2 недели. Тојота, најпродаваниот бренд на светско ниво, излезе со слични планови за намалување на производството под притисок на кризата со микрочипови.  Јапонските компании успеаваа многу подобро да се соочат со проблемот, но сепак и тие потклекнаа пред проблемите и предизвиците.  Марк Реус, претседателот на Генерал Моторс истакна дека заздравувањето од ваквата состојба нема да биде брзо и на ниво кое го очекуваат производителите на автомобили и нивните добавувачи. Ова значи дека и враќањето во ‘нормала’ ќе значи дека ќе има стабилизација во целиот синџир на добавувачи

Инаку во Европа продажбата на автомобили падна во август за двоцифрена стапка. Во Германија, Франција, Велика Британија и Италија падот е од 15 до 25 отсто. Продажбата на возила во Германија минатиот месец е на најниско ниво во последните 30 години.

Индустријата за автомобили е многу значајна за македонската економија најмногу пооради извозот, но и поради работните места кои ги обезбедува.

Во 2019 година, од земјава се извезени автомобилски делови во вредност од 130 милиони евра, што е раст од 5,6 отсто во однос на претходната 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 65 отсто од вкупниот извоз на земјата годинава е направен од компании во автомобилската индустрија.

Најмногу делови за автомобили се извезуваат во Романија, потоа следуваат Германија, Унгарија, Словенија, Мексико и Бразил. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека извозот на автомобилски делови се зголемува секоја година. Постоечките производители на компоненти во земјата, меѓу другите, снабдуваат европски, руски, турски и африкански пазари.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Како Европа ќе закрепне од ударот на корона кризата?

Како Европа ќе закрепне од ударот на корона кризата?

Швајцарија оваа зима може да остане без струја

Швајцарија оваа зима може да остане без струја

Ги замрзнаа цените на скоро 1.500 производи до 2022 година

Ги замрзнаа цените на скоро 1.500 производи до 2022 година

Нов пробив за биткоинот

Нов пробив за биткоинот

Генерали Инвестментс: Повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста

Генерали Инвестментс: Повисоката инфлација најверојатно ќе трае подолго од очекувањата на јавноста

АНАЛИЗА: Можни ли се рестрикции на струја во зимата, експерти алармираат - состојбата е катастрофална

АНАЛИЗА: Можни ли се рестрикции на струја во зимата, експерти алармираат - состојбата е катастрофална

УШТЕ ПОСИЛНА ДИГИТАЛНА ВАЛУТА: Поради ова биткоинот би можел да биде повреден како никогаш досега

УШТЕ ПОСИЛНА ДИГИТАЛНА ВАЛУТА: Поради ова биткоинот би можел да биде повреден како никогаш досега

„Македонија пат“ за една година бројот на вработени го зголемил за 130

„Македонија пат“ за една година бројот на вработени го зголемил за 130

Многу држави ќе натрупаат долгови поради пандемијата

Многу држави ќе натрупаат долгови поради пандемијата