„КРЦААТ“ АВТОБУСИТЕ ЗА ГЕРМАНИЈА: Се селат цели семејства
Објавено во: Свет 31 Август, 2018
Хрватска умира. Се затвораат шест училишта, а во 117 нема да се запише ниту едно дете.
Масовното иселување, посебно од Славонија трае веќе пет години.
Но, и понатаму заминуваат со автобуси луѓето кои сакаат да си обезбедат егзистенција.
Новинарите на автобуската станица во Загреб затекнаа тажна слика.
Една жена жалеше што нејзиниот 18 годишен син заминува, а друга откако се видела со децата се враќа во Минхен каде работи 8 месеци.
„Имаме роднини во Германија и тие му најдоа работа, па ќе оди да види, и да го одработи пробниот период. Заврши за автомеханичар, а сега ќе работи во автолимарски салон. Заминува затоа што нема работа, еве јас сум со години без работа. Ако се снајде може и ние да се отселиме, сопругот се мисли, но и овде не е сјајно во Хрватска, а ќе биде и полошо“ - вели Ада.
Друга жена која сега е готвачка во Минхен, вели дека додека работела во продавница, таа, сопругот и двете деца едвај преживувале.
„Овде бев на минималец, а имам две средношколки“ - вели таа.
Додава дека понатаму можно е и нејзините деца да се иселат.