24 Април, 2024
0.0277

Кредит од 2 милиони евра од ЕБОР, ЕУ и Австрија за ПроКредит Банка за инвестиции во енергетска заштеда кај домаќинствата

Објавено во: Финансии 07 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредит од 2 милиони евра за ПроКредит Банка Македонија за кредитирање на домаќинствата за инвестиции во енергетска ефикасност. Кредитната линија е дел од програмата Финансиска програма за зелена економија (Green Economy Financing Facility - GEFF) .

Средствата ќе бидат достапни на физички лица за инвестиции во мерки за заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, пумпи за загревање, соларни панели, итн. Инвестициите ќе придонесат во подобрување на енергетската ефикасност на станбените згради, помагајќи да се намали емисијата на гасовите кои креираат ефект на стаклена градина, и ќе го подобрат квалитетот на живот на сопствениците на домаќинствата. Откако мерките ќе бидат успешно применети, кредитобарателите ќе можат да добијат грант до 20 отсто од вредноста на кредитот, што претставува поддршка финансирана од Европската Унија (ЕУ) .

Финансирањето во износ од 135 милиони евра е обезбедено преку ГЕФФ Програмата за Западен Балкан, која е кофинансирана од ЕУ, Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ) и Австриското федерално Министерство за финансии, и е дел одРегионалната програма за енергетска ефикаснсот (РПЕЕ) за Западен Балкан. Целта на програмата е да се поддржи регионот, познат по високиот енергетски интензитет, да се подобри енергетската ефикасност кај домаќинствата, кои се едни од најголемите потрошувачи на енергија.

Јурген Ригтеринк, Првиот потпретседател на ЕБОР и Главен на Групацијата за услуги кон клиенти изјави: 

„Среќни сме што ја продлабочуваме соработката со нашиот партнер ПроКредит Банка Македонија, со потпишување на уште еден договор од ГЕФФ програмата. Присаството на овој производ на пазарот го зголеми интересот на локалните домаќинства за важноста на инвестициите од енергетска ефикасност за нивните домови. Средствата од оваа нова кредитна линија ќе бидат достапни до уште повеќе домаќинства, намалувајќи ја нивната потрошувачка на енергија и придонесувајќи кон подобар квалитет на воздух во нивните домаќинства.”

Стефен Худолин, Раководител на Одделот за соработка, од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија изјави: 

„Заштедата на енергија денес, е заштеда за нашата иднина. Заради тоа користиме практични начини, достапни за граѓаните, за да ја имплементираме Зелената агенда и да обезбедиме финансиска поддршка на станбениот сектор. Ова ќе разреши дел од финансиските бариери за подобрување на енергетската ефикасност.”


Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка Македонија изјави:„Влијанието врз животната средина, кое ние како компанија, заедно со нашите клиенти го имаме врз истата е од големо значење за нас.

ПроКредит Банка веќе има пласирано 2 милиони евра, преку 172 кредита од ГЕФФ програмата, целосно наменети за домаќинствата. Над 65 проценти од нив, се наменети за инвестиции во енергетски ефикасни системи за греење и ладење, додека остатокот од средствата се искористени за подобрување на топлинската изолација на домовите. Сигурни сме дека и новата кредитната линија од 2 милиони евра од ЕБОР, за инвестиции во енергетска ефикасност, која нуди грант до 20 отсто, ќе биде успешно пласирана и ќе вклучи повеќе домаќинства во подобрување на енергетската ефикаснот и  почиста животната средина.”

До денес, околу 9.000 домаќинства на Западен Балкан ја подобрија сопствената енергетска ефикасност преку ГЕФФ програмата, преку инвестиции во проекти кои придонесуваат во намалување на над 10.000 тони јаглероден диоксид годишно, што е еднакво на отстранување на 6.000 автомобили на патиштата.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2,14 милијарди евра преку 148 проекти во земјата. Поддршка на зелена енергија е приоритет за Банката, бидејќи преку тоа се решава еден од најголемите предизвици во земјата.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА