20 Април, 2024
0.0275

КРЕШНИК БЕКТЕШИ: Издвоивме 1,2 милијарди евра за мерки за борба со коронакризата

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Економската криза предизвикана од пандемијата од Ковид 19 не сплоти во нашата заедничка цел, враќање на конкурентноста на регионот и зголемување на економскиот раст и животниот стандард на сите граѓани, рече меѓу другото министерот за економија Крешник Бектеши, во своето излагање на Самитот за Западен Балкан организиран од Економист.

Тој тврди дека уште од стартот на пандемијата пред речиси две години, Владата на земјава посветено работела на креирање на интервентни мерки за поддршка на економијата и на граѓаните, со цел за максимално намалување на негативните последици од економската криза што ја зафати целиот свет.

„Подготвивме мерки во вкупна вредност од 1,2 милијарди евра или околу 11 отсто од БДП. Овие мерки придонесоа да бидеме една од земјите со најмал пад на нивото на БДП, некаде околу 4,5 отсто на крајот на 2020 година.  А доколку не ги спроведевме овие мерки, според нашите проекции БДП би бил за 8,7 отсто понизок во однос на 2019 година, што значи дека марките кои ги донесовме го постигнаа псоекуваниот резултат и со тоа ние како Влада постигнавме значаен успех“, рече Бектеши.

Министерот вели дека нашата земја пополека на економски план ја пребродува економската криза предизвикана од пандемијата и тоа според најоптимистичното сценарио.Тоа, според него, значи дека поддршката за бизнисот била на вистинско место.

Како што нагласува, покрај интервентните мерки, пандемијата не натера да забрзаме многу други процеси кои е многу важно да се случат во нашата економија. Тоа е пред се зголемувањето на економската соработка со земјите во регионот, подобрување на условите за поголем прилив на странски инвеститиори, како и зголемување на инвестициите во инфраструктурата и во зелена енергија.

Минатата година во рамки на Берлинскиот процес земјите од Западен Балкан ја потпишаа декларацијата за Заеднички регионален пазар која значи подлабоката регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ.

Тој нагласи дека Владата направила измени на Планот за економски раст кој беше донесен уште во 2018 година. Согласно овој план за три години потпишани се договори за финансиска поддршка со 245 субјекти. Поддршката исплатена во овие три години изнесува околу 20 милиони евра, а компаниите во своите бизнис планови за петгодишен циклус презентирале инвестиции од 411 милиони евра, од кои досега веќе инвестирале околу 150 милиони евра.

„Но, оваа година донесовме измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции преку кои се реализира овој План и беше прилагоден да им излезе во пресрет на компаниите кои што растастат и се развиваат во време на криза, се релаксираа условите за аплицирање, осносно беа направени измени на условите за доделување на финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на КОВИД за дозволен пад на приходи до најмногу 15 отсто, беше вметната одредба за рамномерен регионален развој, како и олеснителни услови за инвестирање на дијспората. Оваа година над 120 компании аплицираа за Планот на економски раст, што ќе значи дополнителен раст на домашните инвестиции.

Како дел од мерките за заздравување на економијата во пост-ковид е донесувањето на Интервентниот план за инвестиции на Владата со кој се планираат инвестиции од 8,2 милијарди евра, од кои над 50 отсто се инвестиции од реалниот сектор“, рече Бектеши.

Министерот потенцира дека многу значаен сектор кој што има големо влијание за рзвој на македонската економија е енергетиката. Нагласи дека во изминатите четири години земјава е насочена кон привлекување инвеститори во енергетиката, но и на примена на чисти извори на енергија со цел намалување на употребата на јагленот како извор на енергија.

„Во последните три-четири години во фаза на градба се веќе 60 мегавати на фотонапонски електрани по пат на премиум тарифи и 100 мегавати во „Осломеј“ по пат на јавно приватно партнерство кои ќе го заменат РЕК „Осломеј. Станува збор за вкупно 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години.

Исто така гасификацијата на Северна Македонија е уште еден клучен момент за енергетската транзиција и диверсификација на енергетските ресурси. Засилено работиме на гасификација на земјата како и на изградба на интерконекори за гас со земјите од регионот.

Во моментов има еден прекуграничен гасовод со Бугарија, имајќи ги предвид целите за намалување на емисии на стакленички гасови и ЕЕ, како и за подобување на сигурноста во снабдувањето со конкурентни цени, целта на Северна Македонија е да се спроведат проектите за изградба на гасоводи на природен гас кон Грција, Косово и Србија. Преку гасоводот кон Грција кој треба да почне да се гради следната година, ќе овозможи пристап до светските пазари и на ТНГ преку Грција, што ќе придонесе до поголема конкуренција и пазарно поставени цени на природниот гас што ќе обезбеди одржливост на секторот, со конкурентни цени, а Северна Македонија ќе стане еден вид енергетски хаб во регионот“, рече Бектеши.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите